logo
logo
logo

Држава тужи ПОРНО САЈТОВИ

Vecer | 06.08.2025

Држава тужи ПОРНО САЈТОВИ

Порно сајтови како XVideos, XNXX и BangBros се цел на државна тужба за кршење на HB 3.

Флорида покрена голема правна постапка против неколку добро познати порно сајтови за кршење на HB 3, кој налага задолжителна проверка на возраста на корисниците пред пристап до експлицитна содржина.

Главниот обвинител Џејмс Утмаер поднесе тужба против сајтовите XVideos, XNXX, BangBros, Girls Gone Wild и TrafficFactory, обвинувајќи ги дека не успеале да имплементираат соодветни системи за онлајн проверка на возраста, кршејќи го новиот закон што стапи на сила на 1 јануари 2025 година.

„Овие сајтови свесно го игнорираат законот и ги изложуваат малолетниците на штетна содржина. Имаме повеќе од 18 милиони посети од територијата на Флорида на само една од овие сајтови месечно“, рече Утмаер.

Што прави законот HB 3 на Флорида?

HB 3 бара од сите страници со порнографска или експлицитна содржина да спроведат строга проверка на идентитетот на корисникот за да се спречи пристап од лица под 18 години.

Компаниите кои не се придржуваат до овој закон се соочуваат со тужби, високи казни - до 50.000 долари по прекршок - и потенцијално запленување на нивните интернет домени.

Преседанот во Тексас го отвори патот за нови тужби

Во јуни 2025 година, Врховниот суд на САД ја потврди уставноста на сличен закон во Тексас, давајќи им дополнителна правна основа на другите држави, вклучително и Флорида, да преземат мерки против порно индустријата.

После тоа, Free Speech Coalition, индустриска група која се бори за слобода на говорот на интернет, ја повлече својата тужба против Флорида.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk