logo
logo
logo

Што е напишано во програмата на новата германска влада за проширувањето на ЕУ

„Чекор-по-чекор пристап кон интеграцијата за земјите кандидати, ќе се наградува индивидуалниот напредок“

Vecer | 10.04.2025

„Чекор-по-чекор пристап кон интеграцијата за земјите кандидати, ќе се наградува индивидуалниот напредок“

Германија во иднина ќе ја предводи црно-црвена коалиција, составена од Унијата и СПД. Зајакнување на економијата и заострување на миграциската политика – тоа е она што ЦДУ/ЦСУ и СПД зацртаа во нивниот коалициски договор. Новата влада би требало да почне со работа на почетокот на мај.

Црно-црвената коалиција, петта по ред, не се ни обидува однапред да продава бајки. Црно-црвената коалиција сака да разбуди доверба. „Одговорност за Германија“, се вели на насловната страница на коалицискиот договор.

Во програмата на новата влада на Германија, се зборува и за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, но и за намалување на бројот на работни дозволи за неквалификувани работници од Западен Балкан.

Ова се мали извадоци од програмата на новата влада на Германија:

Преполовување на бројот на работни мигранти од Западен Балкан

Коалицијата планира и ограничување на регулативата за Западен Балкан, која досега дозволуваше до 50.000 неквалификувани работници годишно да доаѓаат во Германија. Овој број ќе биде преполовен на 25.000.

Миграциската политика е една од клучните теми во земјата заради финансискиот товар врз општините и министерството за социјала. Како показател за заострувањето МВР ќе му припадне на баварската партија ЦСУ, која е поконзервативна на оваа тема.

Берлинскиот процес останува важен

Според коалициската спогодба, интеграцијата на шесте земји од Западен Балкан, како и на Украина и Молдавија, во ЕУ се смета за заемен стратешки интерес.

Поради тоа, Берлинскиот процес – иницијатива на поранешната канцеларка Меркел – ќе остане активен како платформа што ќе им понуди на земјите од регионот јасна и одржлива перспектива за интеграција и членство во ЕУ.

Новата влада во Германија е за фазна интеграција/проширување сектор по сектор

Изменетата глобална ситуација бара понатамошен развој на процесот на пристапување во ЕУ.

Заснован на перформанси и диференциран пристап има за цел подобро да го награди индивидуалниот напредок постигнат од земјите кандидати во приближувањето кон европските стандарди.

Во исто време, ЕУ мора да стане способна за проширување преку своите внатрешни институционални реформи.

„Ние се залагаме за чекор-по-чекор пристап кон интеграцијата за земјите кандидати. Ние сме за постепено вклучување во програмите и политиките на ЕУ, доделување статус на набљудувач во Европскиот парламент и Советот на ЕУ и придружно членство во одредени области како што се ЗНБП/ЗБПР без право на глас.

Важниот пристап во ЕУ на шесте земји од Западен Балкан, Украина и Република Молдавија е во нивен заеднички интерес.

Овој проект ќе биде помаган преку Берлинскиот процес – затоа што мораме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан.“- стои во програмата на новата германска влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk