logo
logo
logo

ОРБАН ЗА УКРАИНА НА ТРИ ДЕЛА: Малкумина во Европа сакаат јавно да кажат, но сè повеќе изгледа како реална опција - еве ги зоните (ФОТО)

Vecer | 10.09.2025

ОРБАН ЗА УКРАИНА НА ТРИ ДЕЛА: Малкумина во Европа сакаат јавно да кажат, но сè повеќе изгледа како реална опција - еве ги зоните (ФОТО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно го привлече вниманието на европската јавност кога во интервју за „Магар Немзет“ изјави дека преговорите во врска со таканаречените безбедносни гаранции за Украина во пракса значат нејзина поделба. Според Орбан, исходот ќе бидат три зони - руска, демилитаризирана и западна.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази став што малкумина во Европа сакаат јавно да го кажат, но кој сè повеќе изгледа како реална опција - дека исходот од војната во Украина ќе биде нејзина поделба на три зони.

Веќе можеме да претпоставиме како би изгледал планот во пракса.

Веќе е де факто признато дека постои „руска зона“, која вклучува најмалку една петтина од територијата.

Заедно со неа, во дискусиите се споменува и создавање демилитаризирана зона. Таа би служела како механизам за безбедноста на Москва.

На крајот, западниот дел од земјата, првенствено областа околу Лавов, би можела да биде цврсто под контрола на Европа.

Изјавата на Орбан има посебна тежина бидејќи тој е еден од ретките европски лидери кои отворено го искажуваат ставот дека Западот веќе де факто ја признал „руската зона“, единственото прашање е колку региони ќе вклучува. Тој сегмент, истакнува тој, повеќе не е предмет на дискусија - туку само нејзините димензии.

Руски Исток

Источниот дел од Украина би бил цврсто под руска контрола. Не станува збор само за територијата на Донбас, туку и за поширока област што ги вклучува главните индустриски региони и клучните комуникации.

Москва би добила не само воено, туку и политичко сидро што би гарантирало дека Украина никогаш повеќе не може да се користи како лансирна рампа за интересите на НАТО.

Демилитизирана средина

Централната област, вклучувајќи го Киев и областите околу Днепар, би можела да стане демилитаризирана зона.

Иако формално би останала во рамките на Украина, токму тука контролните механизми би биле најчувствителни.

Русија би барала надзор врз клучните воено-политички одлуки, додека Западот би инсистирал Киев да задржи одреден степен на суверенитет.

Практично, оваа област би била тампон, а нејзиниот статус во голема мера би ја одредил трајноста на мирот.

Западна Украина

Во ова сценарио, Западна Украина, со центар во Лавов, би можела да се најде под силно влијание на Европа.

Ова е делот што би можел да стане солиден протекторат на ЕУ, со силно присуство на Полска, Унгарија, па дури и Словачка.

Во тој случај, Западот би добил нов фронт, но и инструмент за проектирање на влијание длабоко во словенскиот простор. Клучното прашање останува - дали овој дел би бил трајно спротивставен на Москва како бастион на антируските политики.

Таквата поделба би можела „делумно да ги задоволи сите страни“

Москва би добила безбедност, Киев би задржал барем дел од териториите (особено централна Украина може да изгуби нови територии во иднина во случај на продолжување на војната), а Западот би имал свое влијание во регионот.

Сепак, начинот на кој ќе се дефинира западната зона ќе зависи од тоа дали Европа ќе добие нов бедем против Русија и нов извор на конфликт.

Извор: ТВ фронт

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk