Брод на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) потона покрај брегот на грчкиот остров Лезбос откако удрил во карпа.
Според првичните информации, станува збор за брод на португалската крајбрежна стража кој патролирал под покровителство на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража за да пронајде исчезнати странци, пренесува „Катимерини“.
На бродот имало пет португалски членови на екипажот и еден Грк кој бил лице за контакт.
Сите се качиле на чамец за спасување и кратко потоа биле спасени од брод на грчката крајбрежна стража.
Бродоломот се случил северозападно од Лезбос, додека во областа преовладувале лоши временски услови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата