Теодора Марчу, поранешна учесничка во романското реално шоу „Остров на љубовта“, беше убиена во саботата навечер на сред улица во населбата Космополис, на периферијата на главниот град Букурешт. Според романските медиуми, таа наводно била застрелана од поранешно момче кое испукало неколку куршуми, од кои едниот ја погодил во стомакот. Теодора беше бремена 24 недели. Романскиот портал „Антена Обзерватор“ објави дека осомничениот извршил самоубиство со истото оружје што го користел за да ја убие Теодора.
Според порталот, мажот бегал од полицијата низ комплексот Космополис кога си го одзел животот. Полицијата го пронашла мртов во 22:33 часот.
Пред самоубиството се слушнале неколку истрели, но не е јасно дали напаѓачот пукал кон полицајците.
Теодора Марчу била опкружена со неколку деца и еден пријател во времето на нападот. Само неколку секунди пред нападот, напаѓачот фрлил предмет во грмушките – најверојатно користен за да скрие пиштол од 9 мм. Тој ѝ се приближил на Теодора и ја застрелал во градите од многу блиску. Кога таа паднала на земја, тој испукал уште два куршума кон неа, од кои едниот ја погодил во стомакот. Нападот се случил во 19:09 часот.
Реанимацијата на Теодора започнала на лице место, а на социјалните мрежи се појавиле непријатни сцени на кои се гледа како маж се обидува да ја оживее, но таа не реагирала.
Таа била итно однесена во болница, но и покрај напорите на лекарите, била прогласена за мртва во 20:38 часот, бидејќи не реагирала на обидите за реанимација.
Набрзо се појавија снимки од безбедносните камери од комплексот на кои се гледа моментот кога поранешното момче ја застрела Теодора Марча.
Според првичните извештаи, службата за итни случаи 112 примила повеќе повици во врска со инцидент што се случил во станбениот комплекс Космополис, во близина на Букурешт.
Полицијата веднаш го обезбеди местото и започна истрага за да ги утврди точните околности под кои се случил инцидентот и да го идентификува сторителот. Исто така, започната е потрага по осомничениот, за кој се вели дека на крајот извршил самоубиство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата