logo
logo
logo

ШТО ВЕЛИ ChatGPT, ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИНЕЦИЈА: Како ќе заврши војната во Иран?!

Vecer | 14.03.2026

ШТО ВЕЛИ ChatGPT, ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИНЕЦИЈА: Како ќе заврши војната во Иран?!

Конфликтот на Блискиот Исток трае веќе со недели, а тензиите не се намалуваат. Секако, никој не знае колку долго ќе трае војната, па го прашавме ChatGPT да видиме што има да каже. Прочитајте го одговорот.

Според овој чатбот, најверојатниот исход од конфликтот меѓу Иран и САД не е тотална војна, туку ограничен конфликт што трае некое време и завршува со преговори.

Во ова сценарио, Иран би изгубил дел од својата воена и нуклеарна инфраструктура, но режимот веројатно би останал на власт.

Најреалното предвидување е дека војната ќе заврши со преговори по период на интензивни воени напади.

Историјата покажува дека конфликтите меѓу големите сили и регионалните држави честопати завршуваат токму така. Американската страна може да ја уништи инфраструктурата и да го ослаби противникот, но многу е потешко да се промени политичкиот систем на голема земја без долгорочна окупација.

Иран, од друга страна, може да го издржи притисокот и да го преживее конфликтот, но не може воено да ги победи САД“, вели ChatGPT.

Се споменуваат уште две сценарија, кои се помалку веројатни.

Второто сценарио е долготрајна „сива војна“, што значи дека формалната војна престанува, но спорадични напади, сајбер операции и конфликти преку посреднички групи остануваат.

Таквата ситуација би можела да трае со години и всушност е слична на она што веќе се случи во односите меѓу Иран и САД во последните децении“, смета ChatGPT.

Третото сценарио е „голема регионална војна“ што ќе се прошири низ поголемиот дел од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Либан, Ирак, Сирија и Јемен. Ова би можело да доведе до масовни ракетни напади врз Израел и американските бази во регионот, а ова сценарио е многу поопасно.

Последиците за светот ќе се почувствуваат најмногу преку економијата и енергијата, верува четботот.

Ако конфликтот продолжи, цените на нафтата и гасот би можеле значително да се зголемат. Ова би довело до глобална инфлација, поскап транспорт и зголемување на цените на храната.

Пазарите на енергија се особено чувствителни на нестабилноста на Блискиот Исток бидејќи тој регион останува еден од клучните извори на фосилни горива“, рече тој во одговорот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk