logo
logo
logo

Франција со барање до авиокомпаниите: „Намалете го бројот на летови“

Vecer | 02.07.2025

Франција со барање до авиокомпаниите: „Намалете го бројот на летови“

Француската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека побарала од авиокомпаниите да го намалат бројот на летови на париските аеродроми за 25 проценти на 3 јули, откако била известена за штрајк на контролорите на летање.

Агенцијата во соопштението наведува дека исто така побарала од авиокомпаниите да го намалат бројот на летови од Ница, Бастија и Калви за 50% и од Лион, Марсеј, Монпелје, Ајачо и Фигари за 30%, објави Ројтерс.

„И покрај овие превентивни мерки, се очекуваат прекини и значителни доцнења на сите француски аеродроми“, соопшти агенцијата.

Додадено е дека патниците треба да ги променат своите летови доколку се во можност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk