logo
logo
logo

Беким Сали во посета на Киев: Солидарност и поддршка кон украинскиот народ

Vecer | 24.02.2026

Беким Сали во посета на Киев: Солидарност и поддршка кон украинскиот народ

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска се наоѓа во официјална посета на Киев, Украина, каде се одбележува четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Сали се очекува да оствари средби со високи украински функционери.

„Денеска ја започнувам мојата официјална посета на Киев, Украина, за повторно да ја потврдам нашата поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и правото на Украина да живее слободно“, напиша тој на својот фејсбук-профил, објавувајќи фотографии од пристигнувањето со воз во Киев.

Тој учествуваше на комеморативната церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, заедно со украинската вицепремиерка Јулија Свириденко, изразувајќи солидарност и поддршка кон украинскиот народ.

„Предвидени се и средби со украинскиот вицепремиер за европска евроатлантска интеграција Тарас Качка, на која ќе се разговара за напредокот во процесот на европската интеграција, спроведувањето на реформите и унапредувањето на соработката меѓу двете земји во пристапниот процес кон ЕУ, како и со претседателката на Комитетот за интеграција на Украина во ЕУ при Врховната рада, Ивана Климпуш-Цинцадзе, со фокус на размена на искуства во пристапните преговори“, соопштија од Министерството за европски прашања.

Првиот вицепремиер ќе се сретне и со врховниот муфтија на Украина и претседател на Духовната управа на муслиманите во земјата, Ахмед Тамим.

Според министерството со кое раководи, посетата во Украина има за цел продлабочување на билатералната соработка и реафирмирање на поддршката на С Македонија за суверенитетот, територијалниот интегритет и евроатлантската перспектива на Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk