Гробницата на папата Франциск е замислена како место на тишина и оддавање почит, но стана центар на дебата поради изгледот на споменикот, објави „Унион Рајо“.
Покојниот папа побарал едноставен надгробен споменик, без украси или титули. Тој сакал само Франциск, неговото име, да биде врежано во белиот мермер.
Контроверзноста настанала поради типографска грешка, каде што на прв поглед може да се види дека буквите се нерамномерно распоредени.
Ова е особено забележливо кај буквите „Р“, „A“ и „Н“, што го прави натписот да изгледа необично.
Иако нема граматичка грешка, дискусијата се врти околу растојанието што ја нарушува визуелната хармонија.
Дизајнери, архитекти и експерти за визуелна комуникација јавно одговорија и објаснија дека дури и луѓето кои не знаат ништо за типографија лесно можат да забележат дека буквите не се правилно распоредени.
Содржината, материјалот и стилот на споменикот беа одобрени од Ватикан, како и од папата Франциск за време на неговиот живот. И покрај критиките, Ватикан не планира никакви промени. Естетските причини, велат тие, не се доволни за да се промени споменик со „толку голема симболична вредност“.
Да ве потсетиме дека папата Франциск почина на вториот ден од Велигден, 21 април 2025 година, во 7:35 часот наутро, на 88-годишна возраст. Според информациите од Ватикан, причина за смртта е мозочен и срцев удар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата