logo
logo
logo

Макрон: Воена интервенција против Иран би довела до хаос на Блискиот Исток

Vecer | 18.06.2025

Макрон: Воена интервенција против Иран би довела до хаос на Блискиот Исток

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази загриженост дека секој обид за насилна промена на власта во Иран преку воена интервенција би можел да донесе сериозен хаос и дополнителна нестабилност во регионот на Блискиот Исток.

Макрон јасно се спротивстави на зголемената агресивна реторика кон Иран, посочувајќи дека интервенирањето со воена сила, како што беше претходно направено во Ирак и Либија, не носи добри резултати.

Не сакаме Иран да дојде до нуклеарно оружје или до развој на напредни балистички капацитети, но најголемата грешка би била било каква промена на режимот да се бара со употреба на воена сила.

Емануел Макрон

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk