logo
logo
logo

Трамп потпиша:

Исклучувањето на руските енергенси од Западен Балкан е СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕС НА САД

Vecer | 19.12.2025

Исклучувањето на руските енергенси од Западен Балкан е СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕС НА САД

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нов закон со кој Вашингтон го прогласува исфрлањето на рускиот гас и нафта од Западен Балкан за национален интерес на САД, пишуваат медиумите.

Претседателот на САД го потпиша Законот за овластување за национална одбрана за фискалната 2026 година.

Во овој закон директно се споменува исфрлањето на руските извори на енергија од Западен Балакан, што директно влијае и на Србија, наведуваат медиумите.

Под точка 16 се наведува:

„Зависноста од руските извори на фосилни горива и природен гас за земјите од Западен Балкан ги врзува нивните економии и политики за Руската Федерација и ги попречува нивните аспирации кон членство во Европската Унија.“

Точка 17.

„Намалувањето на зависноста на земјите од Западен Балкан од рускиот природен гас и фосилните горива е од национален интерес за САД.“

Точка 18.

„Растечкото влијание на Кина на Западен Балкан би можело да има и штетно влијание врз стратешката конкуренција, демократијата и економската интеграција во Европа.“

Притисоците врз Србија достигнуваат критична точка, заклучуваат медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk