Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека тие гаѓале нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе продолжи уште многу денови.
„Пред неколку моменти, Израел ја започна операцијата „Rising Lion“, целна воена операција за ублажување на иранската закана за самото постоење на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.
„Удривме во сржта на иранската програма за збогатување ураниум и нуклеарните напори. Нишаневме на главниот објект за збогатување ураниум на Иран во Натанц. Исто така, ги целевме врвните нуклеарни научници на Иран кои работат на бомбата, како и на сржта на иранската програма за балистички ракети“, рече Нетанјаху.
„Оваа операција ќе продолжи онолку дена колку што е потребно за да се елиминира оваа закана. Со децении, тираните на Техеран отворено и дрско повикуваат на уништување на Израел“, истакна тој.
Тој потсети дека Иран има програма за развој на нуклеарно оружје и предупреди дека Иранците би можеле да „произведат нуклеарно оружје“ ако не бидат запрени.
Наброја што целеле
„Ова е јасна и непосредна опасност за самото опстанување на Израел“, истакна тој.
„Ја погодивме главата на иранската програма за нуклеарно оружје. Ја гаѓавме главната постројка за збогатување ураниум на Иран во Натанц. Ги гаѓавме иранските нуклеарни научници кои работат на иранската бомба. Исто така, ја погодивме и јадрото на иранската програма за балистички ракети“, рече тој.
„Бранејќи се себеси, ги браниме и другите. Ги браниме нашите арапски соседи. И тие страдаа од хаосот и крвопролевањето на Иран“, заклучи тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата