logo
logo
logo

Земјотрес во Грција

Vecer | 05.06.2025

Земјотрес во Грција

Во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот по локално време, земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Егејското Море, недалеку од брегот на Грција.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 30 километри од грчкиот град Мирина, додека хипоцентарот се наоѓал на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk