Три лица моментално се во притвор откако две од нив се искачија на Ајфеловата кула и се спуштија со падобран од париската знаменитост, соопштија обвинителите.
Отворена е истрага за „упад во историско или културно место“, како и за „загрозување на животите на другите преку очигледно намерно кршење на регулаторните обврски за безбедност или претпазливост“, се вели во соопштението, според BFMTV.
Ова не е прв пат некој да се искачи на Ајфеловата кула, бидејќи во август 2024 година, еден Британец беше уапсен за искачување на парискиот споменик и беше приведен извесно време.
Донесен пред обвинител и наредено му е да плати граѓанска отштета, како алтернатива на судската постапка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата