logo
logo
logo

ШТО ИМ КАЖАЛ ПУТИН НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР по изралескиот напад врз Иран

Vecer | 13.06.2025

ШТО ИМ КАЖАЛ ПУТИН НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ИЗРАЕЛСКИОТ ПРЕМИЕР по изралескиот напад врз Иран

Рускиот претседател Владимир Путин, во одделни телефонски разговори, му рекол на иранскиот претседател дека Москва ги осудува постапките на Израел против Техеран, а на израелскиот премиер дека прашањата поврзани со нуклеарната програма на Иран можат да се решат само дипломатски.

Во соопштението за медиумите на Кремљ се наведува дека Путин му рекол на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дека Русија „ги осудува постапките на Израел што ја кршат Повелбата на Обединетите нации“ и изразил сочувство за загинатите.

„Русија останува во близок контакт со Иран и Израел“

Се наведува дека Путин, во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, „ја нагласил важноста од враќање во преговарачкиот процес и решавање на сите прашања поврзани со иранската нуклеарна програма преку политички и дипломатски средства“.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека Русија останува во близок контакт со Иран и Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk