logo
logo
logo

Откако ЕУ воведе нов систем за влез, НА 27.000 ЛИЦА ИМ Е ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА

Vecer | 10.04.2026

Откако ЕУ воведе нов систем за влез, НА 27.000 ЛИЦА ИМ Е ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

„Од почетокот на примената регистрирани се над 52 милиони влегувања и излегувања. Комисијата го поздравува денешното целосно воведување на овој нов систем за влез во ЕУ и излез од блокот (EES)“, се наведува во соопштението. Благодарение на новата автоматизирана контрола, регистрирањето на еден патник трае во просек 70 секунди, што значително ја забрзува процедурата.

Системот ги заменува рачните печати и овозможува евиденција на личните и биометриските податоци, со цел полесно следење на пречекорувањата на престојот. Новите правила се однесуваат на државјани на трети земји кои не се членки на ЕУ или на Шенген-зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а се применуваат за краткорочен престој до 90 дена.

Иако на почетокот на годината секторот за воздушен транспорт изрази незадоволство поради одложувањата, ЕК денеска потврди дека системот е успешно имплементиран на сите гранични премини на надворешните граници на ЕУ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk