Францускиот претседател Емануел Макрон стана главна ѕвезда на социјалните мрежи по неговиот неочекуван настап на свечената вечера во Ереван. На маргините на самитот на Европската политичка заедница, Макрон покажа една своја поинаква, поопуштена страна, прифаќајќи го микрофонот за да отпее позната француска шансона.
Атмосферата дополнително ја загреа неговиот домаќин, ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој седна зад тапаните, додека за пијаното беше задолжен светски познатиот ерменски џез музичар, Вахагн Хајрапетјан.
Видеото од овој необичен „дипломатски бенд“ веднаш стана вирално, покажувајќи дека и највисоките политички средби можат да завршат со добра забава и музичко пријателство меѓу лидерите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата