logo
logo
logo

ПОЛИЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА МОРАЛА ДА „ПРИВЕДЕ“ КРАВА Ариела шест месеци уживала покрај езеро

Vecer | 04.12.2025

ПОЛИЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА МОРАЛА ДА „ПРИВЕДЕ“ КРАВА Ариела шест месеци уживала покрај езеро

Во Баварија една крава побегнала од стадото на пасиштето и со месеци уживала во новостекнатата слобода меѓу трските покрај едно езеро, сè додека нејзината авантура не била прекината со помош на дронови и стреличка за успивање, пишува денес агенцијата dpa.

Кравата, стара околу една и пол година, уживала на брегот на езерото Вејарн во Баварија, откако пред околу половина година побегнала. Сите обиди на нејзиниот сопственик да ја намами со храна биле безуспешни, а ни полицијата, која подоцна била вклучена, не успеала да ја „приведе“.

Поради загриженоста дека животното нема само да ја преживее зимата, било одлучено да биде фатено со помош на дрон и стреличка за успивање, под надзор на ветеринар, соопштила организацијата за заштита на животните Гут Ајдербил.

Потоа животното, кое во меѓувреме го добило името Ариела, било безбедно пренесено на имот на организацијата за заштита на животните во местото Ифелдорф, во Горна Баварија. Транспортот поминал без проблеми, но кравата сè уште е малку недоверлива бидејќи со месеци не била во контакт со луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk