logo
logo
logo

АВИОНСКА НЕСРЕЌА НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ: Летало се урна среде пат во близина на терен за голф

Vecer | 05.06.2026

АВИОНСКА НЕСРЕЌА НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ: Летало се урна среде пат во близина на терен за голф

Мал авион се урна среде пат на популарните Канарски Острови набрзо по полетувањето. Испаничените туристи бегале барајќи спас додека авионот летал директно кон нив.

Падот на авионот се случил во четвртокот попладне за време на обука за летање на воздухопловна школа од јужниот дел на Тенерифе. Пилотот се обидел итно да слета, но авионот се урнал со голема брзина. Како што пренесуваат локалните медиуми, авионот се урнал пред терен за голф, така што удрил во бандера и неколку палми. Ударот сериозно го оштетил авионот, а делови од леталото биле расфрлани по кружниот тек.

Туристите бегале за да спасат жива глава

Фотографиите и видеоснимките од местото на падот на авионот покажуваат дека крилата му се откорнати, а носот му е оштетен. Отисокот на авионот се наоѓа на средината на патот.

„Моравме да трчаме за да го избегнеме авионот кога тој удри во бандерата и во неколку дрвја, запирајќи пред да стигне до нас. Не сакам ни да замислам што ќе се случеше во спротивно“, изјавил еден турист од Нортхемптон, Англија, за шпанскиот весник „Canarian Weekly“.

Двајцата пилоти (на возраст од 20 и 50 години) успеале самите да се извлечат од урнатините. Од превентивни причини, тие биле пренесени во болница. Вистинско чудо е што никој не е сериозно повреден. Сите инволвирани поминале без повреди. Причината поради која авионот западнал во неволја сè уште не е јасна. Истрагата за причините за падот е во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk