logo
logo
logo

НОВ БРАН НА ПОВИДОК? Сојот „Цикада“ ги полни амбулантите во 29 американски држави

Vecer | 01.04.2026

НОВ БРАН НА ПОВИДОК? Сојот „Цикада“ ги полни амбулантите во 29 американски држави

Новиот сој на коронавирусот BA.3.2, кој го доби прекарот „Cicada“ (Цикада), брзо се шири низ Соединетите Американски Држави и предизвикува загриженост кај експертите поради значајните генетски промени кои му овозможуваат полесно да го заобиколува постојниот имунитет. Варијантата „Cicada“ потекнува од сојот омикрон кој се појави кон крајот на 2021 година.

Кајл Б. Енфилд, вонреден професор по медицина на Универзитетот во Вирџинија, истакнува дека нема знаци оти BA.3.2, е поопасен или дека предизвикува потешка болест од варијантите кои циркулираа во зимата 2025-2026 година.

„Поради тоа што значително се разликува од нив, моменталната вакцина против ковид можеби нема да биде еднакво ефикасна против него“, вели тој додавајќи дека и покрај тоа вакцините и понатаму имаат голема вредност. „Тоа не значи дека не треба да се вакцинирате,  голем број докази покажуваат дека тие ги намалуваат хоспитализациите и смртните случаи од ковид“, вели Енфилд.

Симптомите на варијантата „Cicada“ се слични на симптомите на претходните соеви на омикрон: болно грло, кашлица, затнат нос, замор, главоболка, треска, а понекогаш и мачнина или дијареја. Некои извештаи споменуваат особено силно, „мачно“ воспаление на грлото. Експертите предупредуваат дека поради својата мутираност би можел да доведе до нов бран инфекции, особено кај ранливите групи, пишува „Independent“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk