Мал авион во петокот удри во една од највисоките згради во Пекинг, облакодерот „CITIC Tower“, познат и како „China Zun“, предизвикувајќи масовна интервенција на службите за итна помош. Несреќата се случила околу 18 часот по локално време, а околностите за падот сè уште се истражуваат. Бројот на можни жртви засега не е официјално потврден.
Според првичните информации од локалните медиуми, авион од типот „B-12PP“ удрил во облакодерот висок 528 метри, при што биле скршени најмалку два прозорци, а леталото се распаднало по ударот. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како делови од авионот паѓаат на земја, додека од подножјето на зградата се издигнува густ чад, пренесува „Сан“ (The Sun).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата