Светот не е како порано, државите и судбините на луѓето во нов се поврзани иако не се ни соседи ни под исто знаме.
Кога ќе тргне ракета од Украина кон Русија, Џон Смит од Небраска треба да се фати за својот новчаник иако, лично, нема ништо заедничко ни со едните ниту со другите.
Украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии за нафта веќе влијаат врз потрошувачките цени во Соединетите Американски Држави.
Според „Аксиос“, откако Русија воведе забрана за извоз на дизел гориво минатата недела, просечната цена на дизелот во САД надмина 5 долари за галон. Ова се должи на недостаток на понуда на глобалниот пазар, бидејќи Русија беше еден од најголемите извозници на дизел.

Во оваа позадина, традиционалните купувачи на руски дизел, вклучувајќи го и Бразил, се принудени да бараат алтернативни добавувачи, вклучително и во САД, што дополнително го поддржува зголемувањето на цените на американскиот пазар.
Како резултат на тоа, цената на дизелот во САД веќе надмина 5 долари за галон. За американската економија, ова значи зголемени трошоци за камионски превоз, земјоделство, градежништво и други индустрии каде што дизелот е примарен извор на гориво.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата