Поранешниот британски премиер Борис Џонсон го доби своето деветто дете! Неговата трета сопруга, Кери Симондс, роди девојче, што го потврди на социјалните мрежи, објави „Мирор“.
Двојката веќе има три деца (два сина и една ќерка). Џонсон е еден од политичарите со најголемо семејство. Тој има уште пет деца од претходните два брака.
Ова се сите сопруги и деца на Борис Џонсон.
Неговата прва сопруга беше Марина Вилер и со неа има четири деца: ќерките Лара и Касија, синовите Миле и Теодор.
Со својата втора сопруга, Хелен Мекинтајр, тој има ќерка, Стефани.
И со својата трета сопруга Кери Симондс, поранешниот премиер ги има синовите Вилфред и Френк и ќерките Роми и Попи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата