logo
logo
logo

ТРАМП ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД 66 МЕЃУНАРОДНИ ГРУПИ И ОРГАНИЗАЦИИ

Vecer | 08.01.2026

ТРАМП ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД 66 МЕЃУНАРОДНИ ГРУПИ И ОРГАНИЗАЦИИ

Доналд Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни организации и групи, вклучувајќи многу кои се борат против климатските промени. Речиси половина од групите од кои се повлекоа САД се тела на Обединетите нации, меѓу кои и Рамковната конвенција за климатски промени и Меѓувладиниот панел за климатски промени.

Белата куќа кажа дека ваква одлука била донесена зашто овие организации веќе не служеле на американските интереси и промовирале „неделотворни или непријателски агенди“.

„Анализите покажаа дека тоа беше залудно трошење пари на даночните обврзници. Многу од организациите промовираат радикални климатски политики, глобално управување и идеолошки програми кои се во спротивност со суверенитетот и економската сила на САД“, соопшти Белата куќа.

Трамп веќе им ги одзеде средствата на многу мултилатерални организации што не работат во интерес на САД, а претходно го отфрли научниот консензус за климатските промени предизвикани од човекот како измама.

Другите организации на ОН засегнати со одлуката се оние што работат на мир и демократија, планирање семејство, здравје на мајки и деца и сексуално насилство во конфликти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk