logo
logo
logo

Бен-Гвир се буни што е под истрага: „ЗЕМЈАТА ВО ОБЛИК НА ЧИЗМА СТАНА ЗЕМЈА НА ПАПУЧИ“

Vecer | 09.06.2026

Бен-Гвир се буни што е под истрага: „ЗЕМЈАТА ВО ОБЛИК НА ЧИЗМА СТАНА ЗЕМЈА НА ПАПУЧИ“

Италијанското обвинителство покрена истрага против израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, како дел од постапките на израелските власти кон притворените активисти на хуманитарната флотила за Газа.

Во мај, еден израелски министер објави видео на кое се гледаат активисти како клекнуваат со врзани раце во пристаништето Ашдод, објави Анса.

Во исто време, Бен Гвир им се потсмеваше на притворените активисти и ја охрабри полицијата да се однесува лошо кон нив, наведува италијанската агенција.

Истрагата за однесувањето на израелските власти кон активистите на флотилата, вклучувајќи ги и италијанските државјани, трае во Италија веќе неколку недели, а како дел од истрагата се изнесени обвинувања за тортура и киднапирање, објавува Анса.

Италијанските власти започнаа официјална истрага за пресретнувањето и притворањето на италијански државјани на хуманитарна флотила за Газа, што се случи во меѓународни води.

Италија започна истрага против Итамар Бен-Гвир поради третманот на израелските власти кон активистите на флотилата во Газа, додека министерот остро реагираше и ги отфрли обвинувањата.

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, остро ја критикуваше Италија по веста дека обвинителството на Рим го ставило под истрага во врска со аферата околу хуманитарната флотила за Газа и притворањето на нејзините активисти од страна на израелските власти.

„Земјата на чизмата стана земја на папучи“, напиша тој на мрежата X.

Бен-Гвир додаде дека Израел „не е вреќа за удирање за група лажливи поддржувачи на терористи кои измислуваат клевети и лаги против (израелските) борци“, објави Анса.

„Нема да ме обесхрабри оваа, ниту која било друга истрага, и ќе продолжам гордо да стојам покрај нашите борци“, рече тој.

Министерот за национална безбедност го отфрли соопштението на Италија дека е под истрага поради видео што го објави минатиот месец, на кое се гледа понижувањето на активистите кои беа дел од флотилата за Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Италијанското обвинителство го стави Бен-Гвир под истрага како дел од третманот на израелските власти кон притворените активисти на хуманитарната флотила за Газа. Во мај, еден израелски министер објави видео на кое се гледаат активисти како клекнуваат со врзани раце во пристаништето Ашдод.

Истрагата за третманот на активистите на флотилата од страна на израелските власти, вклучувајќи ги и италијанските граѓани, трае во Италија веќе неколку недели, а како дел од истрагата се изнесени обвинувања за тортура и киднапирање, пишува Анса.

Италијанските власти започнаа официјална истрага за пресретнувањето и притворањето на италијански граѓани на хуманитарната флотила за Газа, што се случи во меѓународни води.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk