logo
logo
logo

Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за да се подготват за повоениот период

Vecer | 06.12.2025

Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за да се подготват за повоениот период

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во наредните денови ќе испрати делегација бизнисмени во Русија, за да се подготват за повоениот период.

Оваа мисија ќе се фокусира на економската соработка и е дел од стратегијата „сега да се размислува за повоениот период и периодот без санкции“, рече Орбан на собир со околу 1.000 луѓе во спортската сала во Кечкемет, во централниот дел на Унгарија.

Орбан, кој е еден од ретките европски лидери блиски и со американскиот претседател Доналд Трамп и со рускиот претседател Владимир Путин, рече дека разговара и со Американците и со Русите, но дека не може да открие детали, пренесе парискиот весник Монд на својата веб-страница.

Треба да го предвидиме тој период, бидејќи ако Бог ни помогне и војната заврши без ние да бидеме вовлечени во неа, и ако американскиот претседател успее да ја реинтегрира Русија во глобалната економија, а санкциите бидат укинати, ќе се најдеме во сосема поинаков економски простор, додаде унгарскиот премиер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk