logo
logo
logo

ПРЕСВРТ: Американците го МЕНУВААТ И ПРИЛАГОДУВААТ мировниот план на Трамп

Vecer | 23.11.2025

ПРЕСВРТ: Американците го МЕНУВААТ И ПРИЛАГОДУВААТ мировниот план на Трамп

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека е постигнат значителен напредок во преговорите одржани денес во Женева со украинската делегација, каде што беше дискутиран нацрт-планот на САД за завршување на војната во таа земја.

Рубио им рече на новинарите во Женева дека верува оти клучната порака по средбите со украинската делегација е дека е одржан „веројатно најдобриот состанок“.

Тој откри дека Вашингтон менува некои точки од предложениот мировен план од 28 точки, според украинските предлози, но истакна дека сè уште има работа што треба да се направи и дека може да има повеќе информации во текот на денот.

„Имаме многу добар работен документ кој веќе е креиран врз основа на придонесот на сите релевантни страни, а сега ги разгледавме некои од тие точки, точка по точка. Мислам дека постигнавме добар напредок. Нашите тимови сега се упатија кон своите соби додека работиме на некои предлози што ни беа презентирани. Затоа работиме на тоа, правиме промени со надеж дека дополнително ќе ги намалиме разликите и ќе се приближиме кон нешто со што и Украина и САД ќе бидат многу задоволни“, рече Рубио.

Рубио нагласи дека за секој план е потребно одобрение од Трамп и дека Русија ќе го понуди својот придонес, но дека тој е „задоволен“ од тоа.

Потсетуваме се дека европски, украински и американски претставници денес пристигнаа во Женева за да разговараат за американскиот нацрт-мировен план за завршување на војната во Украина, откако Киев и неговите сојузници изразија незадоволство од делови од предложениот план што предвидуваат големи отстапки за Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk