Морничава трагедија ја потресе Луизијана, каде што во градот Шривпорт осум деца го загубија животот во масовно пукање што се случило за време на семеен инцидент. Полицијата била повикана на интервенција кратко по 6 часот наутро, каде што затекнале вистински хорор распореден на три различни локации, пренесува NBC.
Според полицискиот портпарол Кристофер Борделон, нападот се одвивал во три посебни домови. Вкупно десет лица биле цел на нападот, при што осум од нив им подлегнале на повредите. Станува збор за исклучително млади жртви, на возраст од само една до 14 години. Едно од децата успеало да избега по пукањето, што помогнало во побрзата реконструкција на настанот.
По крвавиот пир, осомничениот украл возило и побегнал од местото на злосторството, што предизвикало интензивна полициска потера. Надлежните служби сè уште работат на утврдување на мотивите за овој незапаметен чин на насилство што ја зави Шривпорт во црно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата