Голем пожар предизвика паника во австрискиот град Грац, откако во неделата навечер пламените јазици зафатија станбена зграда во населбата кај „Kärntner Straße“. Според извештаите на локалните медиуми, огнот избувнал во долниот дел од објектот, поточно во приземјето или подрумските простории, најверојатно во близина на делот за отпад или складишните боксови.
Густиот црн чад бил видлив од голема оддалеченост, а пожарот брзо се проширил по фасадата на зградата, загрозувајќи ги становите. Противпожарните екипи веднаш интервенирале за да го локализираат пламенот и да спречат уште поголема катастрофа. Полицијата во моментов врши увид на терен, но сè уште не може да ја потврди точната причина за избувнување на пожарот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата