logo
logo
logo

Од Лондон со порака: ПОЧНАА ДА ГО ИСМЕЈУВААТ ТРАМП И МУ НАЈАВУВААТ ПОРАЗ

Vecer | 20.03.2026

Од Лондон со порака: ПОЧНАА ДА ГО ИСМЕЈУВААТ ТРАМП И МУ НАЈАВУВААТ ПОРАЗ

Британскиот неделник „Економист“ во својот последен број се осврна на американско-израелската војна со Иран, објавувајќи насловна страница што предизвика големо внимание.

На насловната страница е прикажан американскиот претседател Доналд Трамп со воен шлем што му паѓа преку очите, со наслов „Операција Слеп бес“, што е јасна иронија на официјалното име на операцијата Епски бес.

Во текстот се наведува дека продолжениот конфликт би можел сериозно да ја загрози неговата политичка позиција.

Не се обложувајте против Доналд Трамп. Ниеден политичар не може да ѝ пркоси на политичката гравитација како човекот чии поддржувачи го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година, само за да бидат повторно избрани во 2024 година со поголема поддршка“, наведува „Економист“.

Сепак, се додава дека е тешко да се замисли криза што би можела да има посилно влијание врз текот на неговата политичка кариера од војната со Иран.

Дури и кратка војна би го променила текот на неговиот втор мандат. Војна што трае со месеци би можела да го собори“, пишува весникот.

Како што беше истакнато, конфликтот со Иран ги ослабува трите клучни политички предности на Доналд Трамп: способноста да го наметне сопствениот наратив, интензивната употреба на политичко влијание и доминацијата во рамките на Републиканската партија.

Економист“ проценува дека, дури и без војната, овие предности веројатно би ослабнале по следните избори, додека вооружените конфликти дополнително ги забрзуваат политичките промени.

Британскиот неделник „Економист“, основан во 1843 година, е познат по својот аналитички пристап кон глобалните теми и е специфичен по тоа што текстовите не се потпишани со имињата на авторите, туку го претставуваат мислењето на уредниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk