Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, зборуваше по најавата за средбата меѓу Трамп и Путин следната недела и рече дека „Украина нема да ја даде својата земја на окупаторите“.
Во изјава на апликацијата за пораки Телеграм, Зеленски рече дека секое решение без Украина би било „решение против мирот“.
Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку часа објави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петок, 15 август, за да разговараат за војната во Украина.
Трамп наговести дека Украина би можела да отстапи територија во мировен договор со Русија, велејќи им на новинарите: „Ќе има некои размени на територии“.
Британската Би-би-си, повикувајќи се на американскиот Си-би-си њуз, исто така објавува дека Белата куќа се обидува да ги убеди европските лидери да прифатат договор според кој Украина би предала големи делови од својата територија, вклучувајќи ги регионите Донбас, Херсон и Запорожје.
Зеленски претходно ги отфрли сите предуслови што вклучуваат територијални отстапки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата