Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, украинскиот амбасадор во Лондон, Валериј Залужни, би можел да го замени Володимир Зеленски за неколку месеци, тврди американскиот истражувачки новинар, добитник на Пулицерова награда, Сејмур Херш, повикувајќи се на извори.
„Залужни сега се смета за најверодостоен наследник на Зеленски. Информираните претставници во Вашингтон ми велат дека работата би можела да биде негова во рок од неколку месеци“, наведува Херш во статијата.
Мандатот на Зеленски истече на 20 мај минатата година. Претседателските избори во Украина во 2024 година се откажани, поради воведување воена состојба и општа мобилизација.
Шефот на киевскиот режим изјави дека гласањето сега не е благовремено.
Во есента 2023 година, украинскиот генерал Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на земјата, даде интервју за списанието „Економист“, велејќи дека војната со Русија стигнала до „ќорсокак“.
На претседателот Володимир Зеленски му беа потребни три месеци за да го отпушти.
Генералот, кој е најпопуларната јавна личност во Украина, беше назначен за амбасадор во Лондон еден месец подоцна и таму служеше со одлика, иако тивко, продолжува текстот.
Тој додава дека Зеленски е на краткиот список за егзил, доколку претседателот Доналд Трамп одлучи да ја донесе таа одлука.
„Ако Зеленски одбие да ја напушти својата функција, што е најверојатно, еден американски функционер вклучен во тоа ми рече: Тој ќе замине со сила. Топката е во неговиот двор“.
„Многумина во Вашингтон и во Украина веруваат дека ескалацијата на војната со Русија мора да заврши наскоро, додека сè уште има шанса да се постигне договор со нејзиниот претседател, Владимир Путин“, оценува Херш.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата