Во својот говор пред десетици илјади верници, световни и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката црква да биде обединета, објави АП.
Агенцијата вели дека повикот на папата за единство е значаен со оглед на поларизацијата во Римокатоличката црква во Соединетите Американски Држави и пошироко.
Претходно, на папата му беа врачени официјалните симболи на неговата папска функција – палиумот, литургиската одежда и папскиот прстен, прстен на рибар. Литургиската облека е изработена од јагнешка волна, што ја симболизира улогата на папата како пастир на верниците.
Палиумот се носи преку рамената и се прицврстува со три иглички што потсетуваат на шајките на крстот Христов.
Папскиот прстен, познат и како пискаторски прстен, ја симболизира врската на папата со Свети Петар, кој бил рибар.
Прстенот се уништува или крши по смртта на папата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата