logo
logo
logo

УНГАРИЈА ПОВТОРНО ЈА БЛОКИРА УКРАИНА? Петер Маѓар со услови што би можеле да ја потресат ЕУ

Vecer | 01.05.2026

УНГАРИЈА ПОВТОРНО ЈА БЛОКИРА УКРАИНА? Петер Маѓар со услови што би можеле да ја потресат ЕУ

Идниот унгарски премиер, Петер Маѓар, порача дека сака да обезбеди поголеми права за унгарското малцинство во Украина пред да го поддржи понатамошниот напредок на Киев кон членство во Европската Унија. Со ова тој јасно стави до знаење дека Будимпешта и понатаму ќе го условува европскиот пат на Украина со прашањето за малцинските права. Маѓар притоа изнесе услови кои во голема мера го повторуваат списокот од 11 барања што уште во 2024 година ги претстави поранешниот премиер Виктор Орбан, а кои се однесуваат првенствено на пристапот до образование на унгарски јазик.

Иако Маѓар средбата со Антонио Коста ја опиша како корисна и конструктивна, извори наведуваат дека атмосферата не била толку позитивна како за време на неговиот претходен состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пишува украинска „Правда“.

Во текот на разговорот со Коста повторно беше нагласено дека без напредок во положбата на малцинствата нема да има поместување во преговорите. Сепак, претставници на Унијата велат дека средбата протекла во добар тон и дека покрај оваа тема се разговарало и за европскиот буџет, конкурентноста и неодамнешниот неформален состанок на лидерите на ЕУ одржан на Кипар.

Ваквиот цврст став на Петер Маѓар би можел да ги разочара официјалните лица во Киев и Брисел кои се надеваа дека заминувањето на Орбан ќе отвори простор за нов замав во пристапниот процес на Украина. Од друга страна, Коста и бројни држави членки на Унијата инсистираат на забрзување на моментално блокираниот процес и сакаат конкретен напредок веќе во наредните недели. Иако европските лидери на самитот на Кипар најавија дека почетните услови за приклучување се исполнети, украинските власти продолжуваат да ги отфрлаат обвинувањата за кршење на малцинските права, нагласувајќи ја својата подготвеност за соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk