logo
logo
logo

18- годишник е напаѓачот со пушка и бајонет во Минхен-имал босанско потекло и бил поврзан со ИД

Vecer | 05.09.2024

18- годишник е напаѓачот со пушка и бајонет во Минхен-имал босанско потекло и бил поврзан со ИД

Според германските медиуми, напаѓачот е идентификуван како Емре И.(18), млад човек кој е роден во Австрија, но има босански корени.

До амбасадата се упатил со автомобил со салцбуршки регистерски таблички.

Емре минатата година бил испрашуван во полиција поради сомневање дека е член на терористичка организација и дека ширел пропаганда во нивно име.

Тогаш во неговиот телефон наводно биле пронајдени пропагандни материјали во кои се велича ИСИС, но тој никогаш не бил кривично гонет поради тоа.

Како што претходно објави Зидојче цајтунг, истрелите се слушнале пред израелскиот генерален конзулат, кој се наоѓа на неколку метри.

Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман соопшти дека напаѓачот испукал неколку истрели. Дури тогаш полицајците возвратиле и успеале да го спречат.

Напаѓачот починал од тешките повреди.

Според истражителите, засега нема индиции за други осомничени.

Полицијата, како што претходно објави Билд, соопшти дека во тек е голема операција во реонот на улицата Бринер и Каролиненплац. Исто така, во воздух е и еден полициски хеликоптер. Инспекторите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа.

Според информациите на Билд, осомничениот дошол со пушка со бајонет пред Центарот за документација на нацизмот. Тој наводно пукал во полицискиот чувар пред зградата, а полицајците возвратиле. Во инцидентот учествувале пет полицајци, изјави портпаролот на полицијата.

Новинарот на Зидојче Цајтунг, Ронен Штајнеке (41) објави видео на кое се слушаат многу истрели:

„Во 9:10 часот одеднаш одекна силна експлозија“

Инцидентот се случи на годишнината од Олимпискиот напад во 1972 година, кога палестинските терористи убија единаесет израелски спортисти во Минхен. Дипломати и вработени во израелскиот конзулат, кој се наоѓа во близина, денеска главно отсуствуваа од нивните канцеларии за да ја одбележат годишнината од нападот. Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема повредени вработени во конзулатот.

„Нашата канцеларија, која се наоѓа веднаш до Центарот за документација на нацизмот во центарот на Минхен, моментално е блокирана од полицијата. Нашите вработени се во карантин. Точно во 9:10 часот ненадејно се слушна силна експлозија.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk