logo
logo
logo

САД извршија воздушни напади врз клучните ирански нуклеарни постројки

Vecer | 22.06.2025

САД извршија воздушни напади врз клучните ирански нуклеарни постројки

Американската војска реализираше грандиозен напад врз трите стратешки најважни нуклеарни објекти на Иран – Фордо, Натанз и Исфахан.

Во своето обраќање до јавноста, американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша операцијата како „спектакуларен успех“. Притоа ги предупреди властите во Иран дека секој можен одговор ќе биде пресретнат со уште поригорозни напади од воздух.

Нашата цел беше да ги уништиме иранските капацитети за збогатување ураниум и да ја елиминираме нуклеарната опасност која доаѓа од водечката држава спонзор на тероризмот. Вечерва можам да потврдам дека нападите беа исклучително успешни и нуклеарната инфраструктура на Иран е целосно уништена. Сега Иран мора да се сврти кон мирот, инаку ќе се соочи со уште посилни и полесни напади во иднина, истакна Трамп.

Според информациите, во акцијата биле користени американски бомбардери Б-2 и специјални бомби ГБУ-57, дизајнирани да пробијат цели лоцирани под земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk