logo
logo
logo

„ЕВРОПА ВЛЕГУВА ВО ПОМРАЧНА ЕРА“ Стармер: Трамп е во право, европските земји треба да сносат поголем товар за одбраната

Vecer | 23.03.2025

„ЕВРОПА ВЛЕГУВА ВО ПОМРАЧНА ЕРА“ Стармер: Трамп е во право, европските земји треба да сносат поголем товар за одбраната

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е во право кога вели дека европските земји мора да понесат поголем товар за колективната одбрана на Европа.

Во интервју за Њујорк Тајмс, Стармер, зборувајќи за обидите да се донесе мир во Украина, рече дека „не му верува“ на рускиот претседател Владимир Путин и дека затоа иницирал „коалиција на подготвените“ во обид да ги собере мултинационалните сили кои ќе гарантираат мир по секој мировен договор.

– Сигурен сум дека Путин би се обидел да инсистира Украина да биде беспомошна по договорот, бидејќи тоа му го дава она што го сака, а тоа е способноста повторно да влезе – рече Стармер.

Русија ја отфрли идејата на Обединетото Кракство за мировни сили на НАТО во Украина, а Трамп допрва треба да ги понуди безбедносните гаранции за кои Стармер вели дека се клучни пред земјите да испратат војници.

Зборувајќи за неговиот однос со Трамп, Стармер рече дека „кога станува збор за личноста“, тој мисли дека има „добар однос“ со него.

„Ми се допаѓа и го почитувам. Разбирам што се обидува да постигне“, изјави Стармер.

„Европа влегува во помрачна ера“

Во врска со постапките на Трамп, од наметнување царина од 25 отсто за британскиот челик до омаловажување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Стармер рече дека признава дека американскиот претседател предизвикал „примерен степен на дезориентација“.

Тој рече дека по средбата меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа, која заврши со размена на остри зборови и без потпишување на најавениот договор за ретки минерали, „зазеде став дека е подобро да се крене телефонот и да се разговара со двете страни“.

Стармер најави дека ќе ги зголеми воените трошоци на 2,5 отсто од британскиот БДП до 2027 година, финансиран од кратењата на помошта за развој во странство.

„Сите уживавме во мировната дивиденда. Не сакам да се впуштам во плашење. Треба да размислуваме за одбраната и безбедноста на поитен начин“, рече Стармер, истакнувајќи дека Европа влегува во помрачна ера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk