logo
logo
logo

Необично предупредување: Сите што ТЕЖАТ ПОМАЛКУ ОД 50 килограми да не излегуваат надвор (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 13.04.2025

Необично предупредување: Сите што ТЕЖАТ ПОМАЛКУ ОД 50 килограми да не излегуваат надвор (ФОТО+ВИДЕО)

Кинеските власти ги повикаа граѓаните на таа земја кои тежат помалку од 50 килограми да не излегуваат надвор, „за да не ги однесе ветрот“.

Кинескиот национален метеоролошки центар во петокот издаде портокалово предупредување поради бурните ветрови во северните делови на земјата, првпат по десет години, објави кинеската ФТВ њуз.

Според метеоролозите, ударите на ветерот од 13,9 до 24,4 метри се забележани денеска во повеќето области на Пекинг, додека ударите на ветерот достигнаа 137 - 41,4 метри во секунда во планинските области.

Претходно, Агенцијата за управување со вонредни состојби во Пекинг соопшти дека на жителите на кинеската престолнина им било советувано да не излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно и да не застануваат под високи згради, билборди, привремени објекти или големи дрвја.

Многу паркови и верски комплекси во градот денеска се затворени, а сообраќајот на некои експресни патишта и патишта е во прекин.

Во Пекинг се откажани околу 500 летови.

Кина има систем за предупредување за временски услови со четири нивоа, при што црвената линија претставува највисоко ниво на опасност, проследена по опаѓачки редослед од портокалова, жолта и сина боја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk