Глобалниот глад го достигнува највисокото ниво во последните неколку години, додека хуманитарната помош во храна од Обединетите нации се намалува поради наглиот пад на финансирањето, предупредуваат ОН.
„Тешкиот глад е удвоен, а состојба на глад е прогласена на две локации. Истите земји се заробени во разорен круг на глад, кој е поттикнат од конфликтите и дополнително влошен од недостигот на финансиски средства“, изјави директорката на Светската програма за храна на ОН (WFP), Синди Мекејн, пренесува Политико.
Извештајот предупредува дека оваа бројка веројатно не ја покажува вистинската состојба на теренот, бидејќи 18 земји немале употребливи податоци, што претставува најниско ниво на покриеност во последната деценија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата