logo
logo
logo

ДА ПРЕТПОСТАВИМЕ ДЕКА ВЛЕГЛЕ ИЛИ НЕ ВЛЕГЛЕ ДРОНОВИ, со кого војува Украина - праша Виктор Орбан

Vecer | 29.09.2025

ДА ПРЕТПОСТАВИМЕ ДЕКА ВЛЕГЛЕ ИЛИ НЕ ВЛЕГЛЕ ДРОНОВИ, со кого војува Украина - праша Виктор Орбан

Да претпоставивме дека влегле или не влегле, па што? Не знам дека Романија, Бугарија, Словачка или Унгарија сака да и нападне. Украина не е суверена држава. Нивниот проблем е на источната граница, војуваат со Русија, која им земаа 1/5 од територија, Украина ќе ја нема ако ние како членка на НАТО не испраќаме пари и оружје, напомена премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украина не е суверена држава, одговарајќи на обвинувањата дека унгарските извидувачки беспилотни летала го нарушиле украинскиот воздушен простор, додека тензиите меѓу Киев и Будимпешта растат.

„Украина не е во војна со Унгарија, туку е во војна со Русија. Треба да се грижи за беспилотните летала на својата источна граница, ние сме членка на НАТО и никој нема да ги нападне оттука. Не знам дека Романија, Бугарија, Словачка или Унгарија сака да ги нападне, опасноста не доаѓа од кај нас. Ова е нонсенс, воопшто не е важно“, рече Орбан во интервју за подкаст.

„Им верувам на моите министри, но ајде да замислиме дека (дронот) навистина прелетал неколку метри таму, па што? Украина не е независна земја. Украина не е суверена земја. Ние ја финансираме Украина, Западот обезбедува средства, оружје“, рече унгарскиот премиер.

Сијарто: Зеленски го губи разумот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека извидувачките беспилотни летала го нарушиле украинскиот воздушен простор, повикувајќи се на прелиминарен воен извештај во кој се вели дека леталото дошло од Унгарија за да го испита индустрискиот потенцијал на пограничните области.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го отфрли обвинувањето, велејќи дека Зеленски „го губи разумот“.

Унгарија во понеделник објави дека ќе го оневозможи работењето на дванаесет украински портали по сличен потег на Киев, што е дополнителен знак за растечките тензии меѓу двете земји.

Порано овој месец, на барање на безбедносните служби, Украина блокираше разни веб-страници за кои се верува дека содржат проруски ставови. Меѓу страниците беа осум портали на унгарски јазик, од кои еден беше провладиниот сајт origo.hu.

Унгарски дипломат: Се откажавме од две третини од земјата, Украинците би можеле да се откажат од една петтина

Левенте Маѓар, заменик-министер за надворешни работи на Унгарија, сугерираше дека Украина би можела да размисли да се откаже од една петтина од својата територија, наведувајќи го отстапувањето на две третини од својата територија од страна на Унгарија „за мир“ по Првата светска војна.

За време на предавањето во Париз, Маѓар се осврна на Тријанонскиот договор од 1920 година и териториите што Унгарија ги загуби по Првата светска војна, сугерирајќи дека Украина би можела да дејствува на сличен начин за да постигне мир.

Тој истакна дека Унгарија во тоа време била на губитничката страна и имала само две опции: или повторно да се вооружи и да изврши колективно самоубиство или да прифати мировни услови, дури и ако тоа значи губење на две третини од земјата.

„Мирот е потребен по секоја цена“

Тој тврдеше дека тогашната влада донела единствена разумна, иако трагична, одлука.

„Дали беше болно? Секако дека беше. Сега Украина ќе мора да се откаже од една петтина од својата територија. Не велам точно што треба да направи Украина, само нашето искуство покажува дека мирот понекогаш може да биде болен. Прашањето е што е поважно, зачувување на земјата или задржување на неколку илјади квадратни километри“, нагласи тој.

Заменик-министерот за надворешни работи додаде дека ризикот од ескалација и ширење на војната се зголемува со секој изминат ден.

„Мирот е потребен по секоја цена“, предупреди тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk