logo
logo
logo

ЗИМА ВО ЈУЖНА АФРИКА: Ниските температури и снегот предизвикаа несреќи и прекини во електричната енергија

Vecer | 10.06.2025

ЗИМА ВО ЈУЖНА АФРИКА: Ниските температури и снегот предизвикаа несреќи и прекини во електричната енергија

ЈОХАНЕСБУРГ – Силен студен фронт што се прошири низ Јужна Африка донесе обилни снежни врнежи што доведоа до затворање на патишта, прекини на електричната енергија и сообраќајни несреќи во кои загинаа пет лица, објавија денес локалните власти.

Јужноафриканската метеоролошка служба ги предупреди граѓаните на крајот од минатата недела дека оваа недела ќе има голем пад на температурата низ целата земја, придружен со обилни дождови, разорни ветрови и снег, пренесува Ројтерс.

Јужна Африка редовно доживува снежни врнежи во текот на зимските месеци од јуни до август, при што температурите паѓаат под нулата, а според прогнозата на метеоролошката служба, се очекува студениот фронт да трае до средината на неделата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk