logo
logo
logo

МАКРОН МУ КАЖА - НЕ на ТРАМП, Иран и САД самите да го отворат Ормуз

Vecer | 04.05.2026

МАКРОН МУ КАЖА - НЕ на ТРАМП, Иран и САД самите да го отворат Ормуз

Францускиот претседател Емануел Макрон упати апел за заедничко отворање на Ормускиот Теснец преку договор меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Во изјава дадена пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, тој нагласи дека дипломатскиот пат е клучниот начин за решавање на тензиите во овој стратешки важен регион.

Макрон децидно го исклучи учеството на Франција во „Проектот Слобода“, кој претходно беше најавен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп со цел воспоставување слободна пловидба во теснецот. Францускиот претседател истакна дека неговата земја нема да биде дел од иницијатива која не е јасно дефинирана, со што јасно се дистанцираше од едностраните воени потези на Вашингтон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk