Тринаесет земји покажаа интерес за приклучување кон БРИКС, речиси половина од нив поднеле официјални апликации за влез во организацијата, изјави во интервју за Спутник амбасадорот на Јужна Африка во Москва, Мзувукиле Макетука.
Сега има околу 13 кандидати (за влез во БРИКС). Има земји кои официјално аплицирале, има 6 такви, а има и земји кои пројавиле интерес. Јас лично очекувам дека приоритет ќе биде на страната на оние кои веќе се пријавиле - рече амбасадорот.
Тој објасни дека меѓу кандидатите се и две африкански земји - Алжир и Египет, како и Иран, Бахреин, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Според амбасадорот, сите земји членки на БРИКС го поздравуваат проширувањето, но неопходно е да се утврдат модалитетите за прием на нови членки.
- На дневен ред е прашањето за проширување на БРИКС... Сите земји на БРИКС го поздравуваат проширувањето. Од Јужна Африка можам да кажам дека и ние сме за проширување, но за тоа ни требаат соодветни модалитети - кои критериуми користиме - рече дипломатот.
Тој потсети дека Јужна Африка се приклучи на организацијата во 2010 година и оттогаш не се прошири.
- Прашање е кои механизми да се користат, бидејќи сега нема формат за ова. Јужна Африка, како претседавач, сега ќе се занимава со ова прашање. За време на нашиот мандат, проширувањето на БРИКС ќе биде еден од приоритетите - додаде Мзувукиле Макетука.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата