Суд во Виетнам осуди 11 лица на смрт, вклучувајќи двајца полицајци, за трговија со дрога на границата со Лаос, објавија локалните медиуми.
По дводневно судење, судот во Ханој ги прогласи обвинетите за виновни за шверц на приближно 140 килограми дрога, вклучувајќи метамфетамин и апчиња, во 2019 година, објави VNExpress.
Водачот на таа нарко-мрежа, 42-годишна жена, беше осудена на доживотен затвор затоа што во моментов одгледува бебе.
Виетнам ја укина смртната казна во мај за осум кривични дела, вклучувајќи активности насочени кон соборување на владата, шпионажа и примање мито. Трговијата со дрога сè уште е предмет на таа казна.
Егзекуциите во Виетнам се извршуваат со смртоносна инјекција од 2013 година, заменувајќи го стрелањето.
Комунистичката земја минатата година осуди повеќе од 150 лица на смрт, повеќе од 80 проценти за злосторства поврзани со дрога.
Повеќе од 1.200 лица беа осудени на смртна казна на крајот од 2024 година, според годишниот извештај на меѓународната невладина организација „Амнести интернешнл“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата