logo
logo
logo

Глуморозен прес на Трамп и Елон Маск: ДОБИ ЗЛАТЕН КЛУЧ ОД БЕЛАТА КУЌА И ЗАМИНУВА, ИЛИ СЕПАК - НЕ

Vecer | 30.05.2025

Глуморозен прес на Трамп и Елон Маск: ДОБИ ЗЛАТЕН КЛУЧ ОД БЕЛАТА КУЌА И ЗАМИНУВА, ИЛИ СЕПАК - НЕ

Илон Маск објави дека го завршува својот мандат во администрацијата на Трамп, а тој и американскиот претседател сега одржуваат прес-конференција во Овалната соба.

Белата куќа му се заблагодари на Маск за неговата служба во четврток.

Трамп ја отвори церемонијата на збогување на Маск со објавување видео клип во кој уредникот на CNBC, Рик Сантели, ја фали неговата администрација за намалувањето на трговскиот дефицит во текот на изминатиот месец.

Потоа Трамп се обрати во своите воведни зборови ја истакна „неуморната работа“ на Маск додека беше дел од администрацијата, изразувајќи благодарност за придонесите што ги даде за време на неговиот мандат.

Трамп рече дека милијардерот бизнисмен и до ден-денес негов советник, Илон Маск, работел „неуморно“ и дека предводел тим луѓе кои ги спровеле „најзначајните реформи со генерации“.

Тој додаде дека Маск во голема мера го променил начинот на кој се работи во Вашингтон. „Ќе ве паметиме“, му рече Трамп на Маск, додавајќи дека „измамите, злоупотребите и владините договори вредни милијарди долари се елиминирани“.

Американскиот претседател рече дека сака намалувањата направени од одделот за оптимизација на владините трошоци на Маск да бидат трајни. Некои од тие намалувања ќе бидат вклучени во „големиот, прекрасен“ закон на Трамп.

Трамп додаде дека повеќето оперативци на Маск ќе продолжат да работат за владата. „Елон навистина не си заминува. Тој ќе доаѓа и ќе си оди. Барем така мислам. Имам чувство. DOGE е негово бебе“, рече Трамп.

„Начинот на кој Елон ѝ служеше на Америка е без преседан во модерната историја“, додаде американскиот претседател.

Откако Трамп им се обрати на новинарите, Маск посочи дека ќе продолжи да влијае врз Белата куќа. „Ова не е крај на DOGE, ова е всушност почеток. DOGE ќе стане посилен. Сигурен сум дека на крајот ќе видиме заштеди од трилион долари. Мислам дека тимот на DOGE одлично ја врши работата, тие ќе продолжат да ја вршат одличната работа, а јас ќе продолжам да бидам пријател и советник на претседателот“, рече Маск.

Сепак, Трамп потоа му подари на Маск нешто што изгледаше како подарок за збогум - златен клуч од Белата куќа во декоративна кутија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk