logo
logo
logo

„Холандија нема преку ноќ да се откаже од руски гас, МОРА ДА ГИ ГРЕЕМЕ ГРАЃАНИТЕ„

Vecer | 01.04.2022

„Холандија нема преку ноќ да се откаже од руски гас, МОРА ДА ГИ ГРЕЕМЕ ГРАЃАНИТЕ„

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Холандија нема да го бојкотира рускиот гас, барем засега бидејќи е зависна од истиот.

Според јавниот радиодифузен сервис НОС, Руте одговорил на барањата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои тој ги претстави за време на онлајн обраќање пред холандскиот парламент.

Зеленски, всушност, побара да се запре сета трговија со Русија и да се зголеми помошта со оружје за неговата земја.

Руте рече дека холандскиот пакет санкции против Русија е „без преседан“, но додаде дека е важно неговата влада да може да продолжи да ги загрева своите граѓани и клучните индустрии да продолжат да работат.

- Холандија има за цел што поскоро да се ослободи од зависноста од рускиот гас, но тоа нема да биде можно на краток рок и преку ноќ. Мора да ги земеме предвид сите интереси – рече холандскиот премиер.

Германија и Велика Британија претходно ја коментираа одлуката на Путин, велејќи дека не се согласуваат под тие услови да се увезува гас од Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk