logo
logo
logo

Tрамп со закана: НОВИОТ ЛИДЕР НА ИРАН МОРА ДА ДОБИЕ ОДОБРЕНИЕ ОД НАС, или ќе го нема

Vecer | 08.03.2026

Tрамп со закана: НОВИОТ ЛИДЕР НА ИРАН МОРА ДА ДОБИЕ ОДОБРЕНИЕ ОД НАС, или ќе го нема

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД или „нема да трае долго“.

- Тој ќе мора да добие наше одобрение. Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго.

Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа. Не сакам луѓето за пет години да мораат да се враќаат и повторно да го прават истото, или уште полошо, да им дозволат да добијат нуклеарно оружје, рече Трамп во изјава за Еј Би Си Њуз.

Иран, претходно денеска, соопшти дека е избран нов врховен лидер на местото на ајатолахот Али Хамнеи кој беше убиен во американско-израелските воздушни напади врз Техеран, но неговото име не беше официјално соопштено.

Иранските претставници истакнаа дека „големиот сатана“ (термин со кој го означуваат САД) веќе го споменал името на избраниот кандидат. Ова се однесува на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека изборот за нов врховен водач на Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах, е неприфатлив за Вашингтон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk