Откако шефицата на ЕУ, Фон Дер Лајен, се “договори“ во име на ЕУ со америакнскиот претседател Трамп кои обврски треба да ги изврши ЕУ и бизнисмените од Унијата кон САД, критиките на стивнуваат. Прв се огради од тој “договор“ францускиот претседател Макрон, веднаш по него германските базнис асоцијации, а потоа следуваат и други.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, немала овластување самостојно да преговара со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за купување американски енергетски производи, изјави поранешната министерка за надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсл, во интервју за агенцијата РИА Новости.
Кнајсл повика на правни последици за, како што изјави, очигледното пречекорување на мандатот.
„Таа ги прекрши правилата - потребни се правни последици“
- Верувам дека ваквото однесување мора да има правни последици. Имало и други луѓе на чело на Европската комисија пред неа и ќе има и други по неа, но Урсула фон дер Лајен очигледно ги надминала своите овластувања - нагласи Кнајсл.
Таа додаде дека претседателката на ЕК не се консултирала со земјите-членки на Европската Унија пред средбата со Трамп, што, според неа, фрла сомнеж врз легитимноста на постигнатите договори.
- Не верувам во правната сила на таков договор, ниту дека може целосно да се спроведе - предупреди поранешниот шеф на австриската дипломатија.
Критика на договорот: „Само дополнителна неизвесност за ЕУ“
Иако германскиот канцелар Фридрих Мерц го пофали новиот договор со САД како „корисен“, Кнајсл тврди дека тој само ќе донесе поголема неизвесност и поделба во рамките на блокот за Европската Унија.
„Не би можел да го наречам тоа сериозни преговори. Наместо тоа, требаше да се свикаат службеници и експерти од релевантните области и дури потоа да се бара компромис“, рече Кнајсл.
Детали за договорот: тарифи, течен природен гас, оружје и инвестиции

Според „Њујорк тајмс“, на 27 јули, Урсула фон дер Лајен и Доналд Трамп постигнаа трговски договор со кој се воведува единствена царинска стапка од 15% за речиси целиот извоз од ЕУ во САД.
Договорот, исто така, подразбира обврска на Европската Унија да купува американски течен природен гас (LNG), нуклеарно гориво и оружје, како и да инвестира дополнителни 600 милијарди долари во американската економија за време на мандатот на Трамп.
Иако договорот не вклучува отстранување на постојните американски царини од 50% за челик и алуминиум од ЕУ, останува отворена можноста тие да бидат намалени за време на следната рунда преговори.
Според постигнатиот договор, Европската Унија се обврза да купува енергетски производи од САД во вкупна вредност од 750 милијарди долари, поделени на 250 милијарди годишно до крајот на мандатот на Трамп.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата