Заврши првиот ден од преговорите помеѓу САД и Иран за можен мировен договор. Прњеговорите продолжуваат утре, на исто емсто, во Пакистан.
Клучни информации:
- Ирански медиуми: Напредокот е попречен од „вообичаените прекумерни барања“ на Вашингтон.
- Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори против Иран и неговите сојузници
- Американската морнарица ги расчистува мини во Ормутскиот теснец
- Израел: Фрливме 18.000 бомби врз Иран за пет недели
- Американски разорувачи поминаа низ Ормутскиот теснец. Иран: Повлечете се, имате 30 минути
- Трамп повторно ги нападна своите сојузници: Неверојатно, тие немаат храброст ниту волја
- Израелските воздушни напади убија 10 лица во јужен Либан
- Бела куќа: САД не се согласија да одмрзнат ирански средства
- Првиот потпретседател на Иран им рече на САД дека им е потребна политика „Америка на прво место“, а не „Израел на прво место“
- Арагчи: Иран влегува во преговорите со целосна недоверба
- Трамп: Многу наскоро ќе го отвориме Ормутскиот теснец
- Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Исламабад, Џ.Д. Венс слета во Пакистан
- Израел и Либан започнуваат разговори во вторник во САД

Според неофицијалните информации од светските агенции кои го следат настанот и имаат свои изворни информации преговорите тргнале неочекувано динамично и на почетокот САД се согалсиле да одблокираат 6 милијарди долари ирански пари кои се чуваат во банката во Кувајт.
Исто така, неофицијлано, од страна на САД е прифатено мировните преговори да се однесуваат не само на Иран туку и запирање на интензивните израелски бомбардирања врз Либан каде досега за само две ипол недели има околу 2.000 загинати лица но, Израел јавно соопшти дека не прифаќа запирање на нападите врз Либан.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воената кампања на неговата земја против Иран „сè уште не е завршена“, иако мировните напори во Пакистан продолжуваат.
Нетанјаху изјави дека збогатениот материјал, ураниум на Иран, мора да се отстрани, или со договор или со „други средства“. Тој истакна дека кампањата против Иран не е завршена и дека има уште работа пред нас. „Сè уште има збогатен материјал во Иран и, како што рече Трамп, тој мора да се изнесе. Или ќе излезе со договор, или ќе излезе на други начини“, рече Нетанјаху во своето обраќање.

За возврат иранската страна дозволила делумно отворање за излез на бродови преку теснецот Ормуз и стационирање на два американски бродови разурнувачи кои треба да извршат мониторинг и, евентуално, деминирање на тој дел од морето за да се обезбеди слободно пловење на бродовите.
Демократите во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД го критикуваа учеството на Џаред Кушнер и Стив Виткоф во преговорите со Пакистан. Во објава на социјалната мрежа X, тие истакнаа дека американската делегација ја сочинуваат „зетот на Трамп и неговиот пријател, претприемач за недвижности со кој игра голф“.
„Ова се истите двајца мажи чиј последен „дипломатски“ напор беше покритие за започнување на оваа бесмислена и скапа војна“, се вели во соопштението. „Ова не е добар начин да се сигнализира дипломатски пресврт“.

Мохамад Реза Ареф – потпретседател на Иран

„Ако преговараме во Исламабад со претставници на „Америка на прво место“, веројатен е договор што ќе биде корисен за двете страни и за светот. Меѓутоа, ако се соочиме со претставници на „Израел на прво место“, нема да има договор; неизбежно ќе продолжиме со нашата одбрана уште поенергично од порано, а светот ќе се соочи со поголеми трошоци. “
Разговорите се потенцијално најзначајни директни контакти меѓу САД и Иран од исламската револуција во 1979 година. Односите меѓу двете земји се сериозно нарушени откако Доналд Трамп во 2018 година ја повлече САД од нуклеарниот договор кој беше постигнат 3 години претходно...Убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во 2020-та година ја продлабочи кризата и ги прекина сите дипломатски контакти.
„Ако преговараме во Исламабад со претставници на „Америка на прво место“, веројатен е договор што ќе биде корисен за двете страни и за светот. Меѓутоа, ако се соочиме со претставници на „Израел на прво место“, нема да има договор; неизбежно ќе продолжиме со нашата одбрана уште поенергично од порано, а светот ќе се соочи со поголеми трошоци. “
Разговорите се потенцијално најзначајни директни контакти меѓу САД и Иран од исламската револуција во 1979 година. Односите меѓу двете земји се сериозно нарушени откако Доналд Трамп во 2018 година ја повлече САД од нуклеарниот договор кој беше постигнат 3 години претходно...Убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во 2020-та година ја продлабочи кризата и ги прекина сите дипломатски контакти.
Министерството за транспорт на Катар објави дека поморската пловидба ќе биде целосно обновена од утре. Во соопштението за медиумите се наведува дека пловидбата ќе биде дозволена за „сите видови поморски пловила и бродови“ во периодот од 6 до 18 часот по локално време (од 4 до 16 часот по средно европско време).
Министерството, исто така, потсети дека, врз основа на претходната одлука, дневната пловидба веќе е дозволена за „пловила со дозвола за риболовна активност“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата