Намалувањето на брзината и ограничувањето на возењето во густо населени подрачја би можело да биде начин за намалување на потрошувачката на гориво.
Шведска би можела да воведе итни мерки поради евентуален недостиг на гориво предизвикан од кризата на Блискиот Исток. Меѓу опциите што се разгледуваат е ограничување на максималната брзина на само 70 км/ч.
Претставничката на Шведската агенција за енергетика, Ела Килим, изјави дека намалувањето на брзината и ограничувањето на возењето во густо населени подрачја би можело да биде начин за намалување на потрошувачката на гориво.
Некои аналитичари предупредуваат дека ситуацијата е посериозна отколку што властите моментално ја претставуваат. Кристијан Копфер од компанијата „Арктик секјуритити“ верува дека возачите веќе би можеле да се соочат со рационирање на горивото во текот на летото.
Доколку енергетската криза продолжи, шведските власти би можеле да воведат дополнителни мерки, вклучително и ограничување на количината на гориво што граѓаните можат да го купат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата